АктуелноОхрид

Маленко: Маските паднаа на сите пред цела македонска јавност, конкретно барем во македонски олимписки спорт!

Почитувани пријатели, колеги, љубители на врвен олимписки спорт, како е ред, после одржани МОК избори, со оладени глави дадеме осврт на случувањата и тоа што не очекува во блиска иднина на тема спорт, напиша Александар Маленко на својот ФБ профил.

Во родолжение објавата ја пренесуваме во целост:

Македонија и мнозинство на олимписки спортски федерации дефинитивно сака професионализам, сака професионален систем на работа, сака создавање производ, а тоа е врвен спортски резултат. Тоа е неминовен факт кој се покажа изминатава недела, но дефинитивно се покажа дека немањето на желба, спортска писменост, одлучност и знаење преовладува кај неколкумина кои за жал се креатори на политика во спорт, од исклучиво лични, партиски и бизнис криминални структури длабоко всадени во македонски спорт изминативе 15год. Едно е факт, а тоа е дека ништо нема да биде исто како досега, затоа што вистината излезе на виделина, за секој оној кој е на било кој начин инволвиран во македонски спорт, за сите лаги и клевети искажани кон личност, од страна на “колеги” години наназад, само и само да не успее, да не просперира негова визија за врвен континуиран спортски успех на македонски олимписки спорт. Маските паднаа на сите пред цела македонска јавност, конкретно барем во македонски олимписки спорт!

За жал, како последица на сите овие случувања горчливиот вкус ќе го чувствуваме уште некој период 2-3 месеци, кога нај непосакувана дестинација и институција ќе реши кој навистина бил победник, со документирани факти врз основа на закони и правила треба и мора да почитува секој, доколку сакаме да имаме нов почеток, со јасна визија и цел еднаква за сите во македонски олимписки спорт.
Како заслужен спортист и граѓанин на моја Македонија, Ви ветувам дека сите неправди свесно со дискредитација јавно направени врз мене и македонски олимписки спорт ќе бидат казнети не само со пораз на сите инволвирани личности, туку истите бидат судски казнети за секој свој чекор надвор од закон и служат за пример во иднина како никој да не помислува да си поигрува на таков злобен начин со личност, олимписки спортови и држава.

Едно е факт, за момент победи злото на најперфиден и само ним својствен начин за функционирање и опстанок во спорт, но верувајте на крајот (2-3 месеци) секогаш победува вистината, професионализмот и капацитет за вистински спортски производ со визија за врвен спортски систем и успех!

Затоа почитувани колеги од Понеделник со нови сили, обединувачки со искрена желба да градиме победнички професионален тим кој ќе работи исклучиво по програма за Македонски Олимписки Спорт и Наша Македонија…
Спортски Поздрав,