АктуелноОхрид

Божиновски: Секое време раѓа свој Прличев, годинашниот и многуте лауреати пред него се доказ за тоа

ФБ објава на заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Истата ја пренесуваме во целост:

-Во рамките на ,,Прличеви беседи” на свеченоста за доделување на наградата за најдобра поема имав чест да се обратам како заменик-градоначалник на Охрид пред следбениците и поддржувачите на делото на Прличев, ценетите вљубеници на убавиот збор.

И по многу изминати столетија од смртта на великанот Григор Прличев македонските и светски творци на поезијата симнуваат капа пред неговиот величествен лик и неповторливите дела.
Jac верувам дека секој од нас денес е почестен што е дел од оваа свеченост, а највеличествено се чувствува познатиот охридски и македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски кој со поемата „Денес” стана лауреат на ,,Прличевите беседи 2023”.

Продолжувајќи ги востановените Прличеви традиции за пишување на жанрот поема Ѓорѓо Димоски уште еднаш потврди дека сите ние сме чеда на Прличев како еден од најголемите интелектуалци и преродбеници врз чиј труд се гради сето она што е духовно и креативно во Охрид.
Поемата „Денес” нуди драгоцени созвучја со современоста, директно актуелизирајќи повеќе топоси како постхуманизам, масовен хазард, миграции и вјна. Во средиштето на лирското промислуваье е ставена кризата на субјектот и преиспитувањето на идентитетот во состојба на неизвесност, запрашаност и соочување со празнината: кој сум јас, чија претстава сум,
можна ли е комуникација со себе и со другите.

Поемата „Денес” донесува освежување на канонскиот модел на жанрот избегнувајќи ги архаичните обрасци и реторика.

Секое време раѓа свој Прличев, годинашниот и многуте лауреати пред него се доказ за тоа. Тие се оние кои го обмислуваат новото време, кои ja раскажуваат нашата жива автентичност во современиот Свет. За тоа сведочат и ракописите кои се натпреваруваа за престижот да се биде носител на Причевата ловористика.

Прличев е нашиот духовен водич. Затоа наградата што се доделува во негова чест, покрај тоа што ги истакнува високите вредности на културата исто така докажува дека македонскиот народ секогаш ќе има креатори и творци коишто ќе го зачуваат нашиот културен идентитет како значаен дел во светската духовна и културна ризница.

Ваквите чествуваьа се одлична можност повторно да си ветиме дека ќе ја чуваме нашата традиција, нашето минато кое е основа на сегашноста и здравата иднина.
Сите сме Прличев!