Во рамки на годинашните „Прличеви беседи“ ќе биде промовирана книгата „Охридски поети“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на Општина Охрид.
Во овој труд на 250 страници се сместени стихови и песни на познати охридски поети кои остануваат поврзани со охридското поднебје, но и пошироко со македонската, словенската, балканската, медитеранската, европската и светската поезија, информираат од Општина Охрид.
Најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски „Охридски Поети“ е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издаде Општина Охрид, а одговорен уредник е Митре Велјаноски. Покрај оваа во едицијата се вбројуваат: „Дојди во Охрид“ 2018, „Антологија на ловорот“, 2020, „Книга за Чинго“, 2021, „Охридски раскажувачи“, 2022, „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, 2022, „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“, 2022, „Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски“, „Охридскиот 19 век“, 2023, „Охридски поети“ ,2023, „Отворено за македонистиката Книга Прва“.