На 5-ти јануари 2024 година, во 09:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници привеле 45-годишно лице од Аргентина, со италијанска патна исправа, затоа што при проверка во оперативната евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата.
– Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.
извор: МВР