АктуелноОхрид

Црвен крст и годинава ја оживеа “Волшебната елка”

Звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ и дечињата од Распеано рибарче и К2 продукција, со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, денес ја „оживеаја“ Волшебната елка поставена во комплексот KAM Village.

Така започна завршниот настан на традиционалната хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со KAM Village, се организира секој декември, месецот на дарување.

Бројни наши хумани сограѓани, институции, здруженија, поединци, се вклучија во оваа хуманитарна акција, купувајќи соодветни подароци, означени во волшебните лампиони, како исполнување на новогодишните желби на преку 50 дечиња што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца.

И секако креативните и неуморни реализатори на целата хуманитарна акција и овој завршен настан беа волонтерите на Црвен крст Охрид во партнерство со KAM Village.

Изразуваме благодарност до нашиот партнер во оваа акција, до сите основни училишта во Охрид и Дебрца за соработката и благодарност за учеството и поддршката во организирање на оваа акција на сите поединци, институциите, здруженија.
Нека дарувањето биде ваш императив и во Новата 2024 година.