ФБ Објава на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. Истата ја пренесуваме во целост:
На крајот од амандманската расправа за Буџетот 2024, одбиени се амандманите и нема пари за:
1️⃣ Канализациона мрежа во Трпејца, Подмоље, Долно Лакочереј и Бараки!
2️⃣ Патно поврзување на Куратица до Дебрца!
3️⃣ Катна гаража!
4️⃣ Плажи прилагодени за лицата со посебни потреби!
5️⃣ Ново училиште Григор Прличев!
6️⃣ Нова детска градинка Радојца Новичич!
7️⃣ Реконструкција на градската плажа Сараиште!
8️⃣ Водоснабдителен систем и водоводна линија од Свинишки извори Плаќенска планина!
9️⃣ Конгресен центар!
1️⃣0️⃣ Стационар за бездомни животни!
1️⃣1️⃣ Откупно дистрибутивен центар за земјоделски производи!
1️⃣2️⃣ Поддршка на жени претприемачки!
1️⃣3️⃣ Изградба на шелтер центар за жртви на семејно насилство!
1️⃣4️⃣ Реконструкција на ЈЗУ Свети Еразмо!
1️⃣5️⃣ Нов здравствен дом!
1️⃣6️⃣ Реконструкција на Центарот за белодробни заболувања кај Свети Стефан!
1️⃣7️⃣ Набавка на медицинска опрема за јавните здравствени установи во Охрид!
1️⃣8️⃣ Нова зип линија во Крушево!
1️⃣9️⃣ Кружен тек Мишлешевски пат!
🎦 Доказот за тоа дека сѐ од наведеното е побарано и дека од буџет од 5,5 милијарди евра, власта нема пари за овие ветени и неопходни работи за моите сограѓани, ќе најдете во видеата на мојот ФБ Профил (дел се веќе објавени, останиот дел – следува за кратко)!
#ВажноЕ деноноќно да се бориш за своите граѓани!
извор: ФБ Лидија Петкоска