Денеска во Приштина, во Ректоратот на Универзитетот “Хасан Приштина” беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид претставуван од директорот д-р Орхидеја Тасевска и Универзитетот, претставуван од ректорот проф. д-р Qerim Qerimi.
Со овој чин се официјализира и продлабочува соработката помеѓу двете институции, се отвараат можности за спроведување на заеднички проекти, размена на искуства и мобилност на студенти и научен кадар.
извор: ФБ Orhideja Tasevska