АктуелноОхрид

Приведен пештанец затекнат при „незаконит риболов“ – а во домот му пронашле белвици, мрежи и риболовен алат

На 08.12.2023 година во 17.00 часот во СВР Охрид лишено од слобода е 40 годишно лице од охридското село Пештани. Тој, претходно во атарот на истото село е затекнат по извршено кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат. За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид