четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Приведени две лица од Дебар, прво се обиделе да избегаат од полицијата, а подоцна во возилото била пронајдена марихуана

На 29.11.2023 околу 20.30 часот на регионалниот пат Струга -Дебар, кај место викано „Суво поле“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта лишиле од слобода две лица од  Дебар. На наведеното место, полициски службеници дале знак за запирање на возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, возилото продолжило со движење. Набргу, возилото било запрено и при преглед во него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид