СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Б.А.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на минатата година, Д.Л. во својство на службено лице- вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. Б.А. како сопственик и инвеститор на градбата, без потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист