АктуелноОхрид

Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ дел од меѓународниот натпревар „Дабар“

Под менторство на професорите по информатика Елизабета Левеска, Ѓоко Доревски, Дарко Цветкоски, 214 ученици од I, II, III и IV година, во периодот од 13-ти до 17-ти ноември 2023 учествуваа на интернационалниот натпревар „Дабар“.

Станува збор за глобален предизвик кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Се спроведува во над 70 држави во светот и има добиено повеќе награди на разни научни конференции.

Задачите се создадени со цел да ги мотивираат учениците да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата.