Поради најавениот влажен и студен бран во сабота, кога ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот ќе преминуваат во снег и најавените минусни температури, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид навремено ги извршија неопходните подготовки за интервенција во зимски услови. Доколку наложат потребите, ќе се ангажира целокупниот оперативен тим и целокупната механизација со која располагаме


