четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Судот денес не даде времена мерка за уклучување на струјата во Дебрца, без вода остануваа над 2000 жители

Жителите на  Дебрца остануваат без вода. Судот денеска го одби барањето за времената мерка за вклучување на струја во ЈП за Комунални дејности Дебрца.

Извори од ЈП за Охрид 1 велат дека судијата го одбил барањето поради лични несогласувања на судијата и директорот на ЈП.

Инаку поради исклучена стуја во  ЈП за Комунални дејности од Општина Дебрца, каде работи и системот за водоснабдување, без вода  остануваат над 2000 жители ширум селата на Дебрца кои се приклучени на пумпни станици. Вода нема ни на Охридскиот аеродром, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо Охрид. болницата Систина нефрологија и поголем број угостителки објекти околу селото Подмоље кои се наоѓаат во Општина Охрид, а со вода се снабдуваат преку Дебрца.

Се огласи и градоначачникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески. Објавата на градоначалникот ја пренесуваме во целост:

-Пред три месеци со одлука на советот на општината Дебрца го презедовме долгот на ЈКПД Дебрца за неплатена електрична енергија кон ЕВН, во износ од преку 18.000.000 денари и истиот редовно го сервисираме.
И покрај тоа, денес ЕВН , спротивно на Правилата за снабдување со електрична енергија ги исклучи сите водоснабдителни системи во Дебрца, за долг од 2.000.000 денари, иако им беше предложено јавното претпријатие на месечни рати да го сервисира и овој долг.
Без вода покрај граѓаните остануваат и болницата за дијализа во “Св.Еразмо” (не дај Господе да се деси некоја трагедија, да се изгуби човечки живот ) и Меѓународниот аеродром “Св.Апостол Павле”.
Со цената на водата која ја утврдува Регулаторната комисија од 19 денари за м3 и индустриската цена на електричната енергија за водоснабдување и блокирана сметка не само нашето, туку ниту едно јавно претпријатие не може да излезе на крај.
Ало ЕВН, вие да не сте султани во Македонија?? Ем ништо немате вложено во подобрувањето на енергетската инфраструктура ( бандерите сеуште се од времето на Тито ), ем покажувате сила.
И дали вака постапувате и кон другите водоводни претпријатија, кои ви должат милионски суми во евра за електрична енергија!? Или таму Ви се јавуваат високи раководни структури од власта да не чепкате, оти ќе си имате проблеми!! Или таму граѓаните ви прават блокади и немате храброст да влезете да исклучите приватни корисници, а не пак водоводни системи????
И дали вака постапувате кога со денови испаѓаат вашите системи од функција!?.
Арам да Ви е и срам да Ви е !!!
За Дебрца сте persona non grata !!!
П.С.Дебрца памти и не заборава дека со десетици денови , во екстремни зимски услови ја остававте без електрична енергија, а од одговорност бегате како ѓавол од крстот, вие не знаете за одговорност, вие знаете само за наплата на камата и за еден ден задоцнување со плаќање на сметките, напиша градоначалникот на својот ФБ профил.

Поврзани вести …

https://ohrid1.com/archives/92023