АктуелноОхрид

Вечерна богослужба во Бризбан, Австралија

На 10.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. мч-чка Анастасија Римјанка, во храмот “Пресвета Богородица” во Бризбан, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештеникот Горан Божиновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое упати поздрав до нашиот верен народ во овој град, со повик секогаш да се стремат да го изберат тесниот, но единствениот вистински пат.

 

Дебарско кичевска епархија