На 10.11.2023 година во 21.45 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на деловен објект лоциран на магистралниот пат Гостивар-Кичево, од слобода ги лишија лице на (47) и лице (27), двајцата од Охрид.
При преглед во патнички автомобил „Мини Купер“ во кој се превезувале, пронајдена и одземена е зелена тревкаста растителна материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.