АктуелноОхрид

Преостанати уште 100 карти за стендап спектаклот на Бојан Велевски и Божидар Божиновски- Моџо во сабота во Охрид

Турнејата започна од Прилеп, по што следуваа Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани турнејата собра над 5.000 луѓе.

Охрид е следната станица, а за овој настап, Бојан вели дека за него е од особено значење:

– Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло. Ветувам спектакл и смеење на секои 20 секунди полни 75 минути, открива Велевски за OhridPress, кој е медиумски партнер и го поддржува настанот.

Настапот е во сабота, на 11-ти ноември 2023 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ со Охрид со почеток во 20:00 часот.

Билетите се продаваат во А2 Тобако и Даблин Паб по цена од 200 денари.