АктуелноОхрид

Менкиноски: Покрај за мене, власта поднесе нови обвиненија за граѓани за истакнување на македонското знаме

Не стравувам дека може да бидам осуден и верувам дека ќе добиеме ослободителна пресудa.Оваа агонија што власта ја наметна резултира со поведување на нови обвиненија против луѓето кои го истакнаа знамето од Кутлеш на Самоиловата тврдина на 27 април, вели адвокатот Тони Менкиноски во интервјуто за „Република“.

Тој појаснува дека покрај за него, поднесени се обвиненија и за обични граѓани кои присустувале на настанот кога на 27 април, исто така во Охрид беше истакнато македонското знаме.

Мене ме водат дека за „Водици“ го имам истакнато македонското знаме на Самоиловите тврдини.На 27 април повторно го истакнавме македонското знаме во поддршка на уставобранителите.Тогаш полицијата спроведе повикување на граѓани кои присустуваа на поставувањето на знамето и сега против нив има поведено обвинение.Тие сакаат да го парализираат процесот во кој сум јас обвинет со тоа што не доаѓаат од министерствтото за внатрешни работи како властени предлагачи против мене.Не доаѓа и судијата и предметот е одложен на неодредено.Од друга страна го забрзуваат процесот против овие обични граѓани.Јас им кажав и тогаш дека ја преземам одговорноста за истакнувањето на знамето.Тие сакаат да го притисннат народот со тоа што повикувајќи ги овие луѓе сакаат да ги заплашат и да не ни дозволат на нас Македонците да го истакнуваме нашето знаме кое е културно и етничко обележјеи наследство на Македонците.Намерата е да се осудат овие луѓе и со тоа да се воспостави пракса да не се виори сонцето од Кутлеш-објаснува Менкиноски за „Република“.

Адвокатот објаснува проблем што е проблемот со истакнувањето на ова знаме

Тие што го потпишаа Договорот од Преспа тие да си го спроведат, јас немам намера да учествувам.Тој договор од формален аспект е потпишан од министер за надворешни работи а се знае кој треба да го потпише.Воопшто немам намера да го почитувам и не е забрането да го истакнеме сонцето од Кутлеш.Она што многу ме радува е што многу млади луѓе сфатија што оваа власт прави за сонцето од Кутлеш и на многу матурски, свадби се идентификуваат.

Менкиновски бара да не се прави споредба меѓу знамето со сонцето од Кутлеш и знамето на Албанија.

Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е симбол на нас Македонците , а знамето на Голема Албанија и албанското знаме кое се виори во Македонија е знаме на Албанија.Тоа е строго забрането со меѓународни договори да биде развиорено на туѓа држава.Кога ќе го развиорите на туѓа држава според меѓународно право дека ја поседувате таа територија и сте ја освоиле.Таа територија не е освоена и треба да се поведат постапки против сите оние кои веат албанско знаме, не знаме на малциннствата и знаме кое содржи елементи на шовинизам, и експанзионизам кон нас Македонците.

 

Текстот во целост на:  „Република“.