СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Тој, откако набавил наркотична дрога Кокаин, истата му ја продал на лице од Струга и му овозможил користење во просториите од ноќен клуб во Охрид лоциран на брегот на Охридското езеро.
извор: СВР Охрид