АктуелноОхрид

7-мо Ноемвриски хуманитарен турнир во Мал фудбал

ЈП Билјанини  Извори во соработка со  општина Охрид организира хуманитарен турнир во Мал фудбал. Турнирот се одржува по повод чествувањето на 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид. На турнирот учествуваат 12 фудбалски тимови (ЈП “Билјанини Извори”, Општина Охрид, ЈП “Охридски Комуналец”, ЈП “Градски Пазар”, ЈП “Водовод”, ЈП “Нискоградба”, ЕкоШпар, Костал, Магна, Жито леб-Екстра Скопско, ЛТХ Леарница и АСП-ПАК) распоредени во 4 групи по три тима.
Натпреварите од турнирот ќе се одржат во спортската сала “Билјанини Извори” и тоа на 28/29 10. 2023 и на 04/05 11. 2023 година.
За најуспешните три тимови се обезбедени пехари додека собраните средства за учество на турнирот (6000 по тим) ќе се донираат во хуманитарни цели за што дополнително ќе ја известиме јавноста.
Распоред на групи:
Група А – ЈП “Билјанини Извори”, ЛТХ Леарница и Магна,
Група Б – АСП ПАК, Жито Леб-Екстра Скопско и Општина Охрид,
Група Ц – ЕкоШпар, ЈП “Охридски Комуналец” и Костал, и
Група Д – ЈП “Нискоградба”, ЈП “Водовод” и ЈП “Градски Пазар”.
Натпреварите започнуваа во сабота на 28 ноември од 9 часот. ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите тимови за учеството и поддршката на хуманитарниот турнир во мал фудбал и воедно ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на натпреварите и на таков начин бидат и тие дел од дружењето и поддршката на нашите заеднички цели.