АктуелноОхрид

На „Ќафасан“ приведено лице од Албанија барано од Интерпол Грција

На 21-ви октомври 2023 година, во 15:10 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата, од полициски службеници било лишено од слобода 50-годишно лице од Република Албанија.

– При извршени проверки било констатирано дека за него во службената евиденција е изречена мерка „апси“, по барање на Интерпол Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.

извор: МВР