АктуелноОхрид

Две лица приведени во Охрид, полицијата кај еден од нив и во автомобилот пронашла марихуана

На 19.10.2023 во 16.40 часот на ул.,,7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од с.Велгошти, охридско и 43 годишно лице од Охрид. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и кај сопатникот.  По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР