АктуелноОхрид

Хуманитарен настан во ООУ „Св. Климент Охридски“- „Од децата – за децата“, продаваа јадења со есенски плодови, претежно со тиква и јаболко

Во недела посветена на есента и на здрава храна од македонско поднебје, со акцент на „Јади здраво – биди здрав“, денеска деветтодделенците направија хуманитарен настан „Од децата – за децата“ и продаваа јадења со есенски плодови, претежно со тиква и јаболко. Вредните раце на нивните родители денес направија вистинска гозба во училиштето, со што се собраа парични средства кои ќе се користат како помош за потребите на учениците. Хуманоста се учи од мали нозе и ваквите настани се интересни за децата. Нивните чисти срца знаат за љубов и се чувствуваат исполнето бидејќи направиле нешто добро. Секоја им чест!

извор: ФБ ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид