АктуелноОхрид

Пред партерното уредување на дворот на Гимназијата, се реновира атмосферската и канализационата мрежа

Финишираат градежните зафати во Охридската Гимназија. До овој момент се изведоа низа градежни активности за уредување на надворешниот и внатрешниот дел. Се постави нова атмосферска мрежа на дворот, спортската сала и објектот. Околу спортската сала ќе се прави и дренажа.

-Во дворот комплетно ќе се реновира атмосферската и канализационата мрежа пред партерното уредување, а ќе се постави и приклучок за хидрантна мрежа за објектот, истакна неодамна директорката на Охридската гимназија Светлана Велкоска за Охрид 1.

Директорката додаде дека на Гимназијата ќе се постави и нов громобран.

Инаку градежните зафати во Гимназијата ги извадуваат охридските Јавни претпријатија, а средствата се од општина Охрид.

извор: Охрид 1