АктуелноОхрид

Дури 3 советници од СДСМ ја напуштија седницата на Совет

Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид.

Со образложение дека седницата не била навремено најавена, тројцата советници од опозицијата, СДСМ и коалиционите партнери, ја напуштија седницата и не учествуваа во денешната работа на советот.

Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, вели дека итноста на седницата е, за да се стигне до реализација над 75%, што ќе дозволи законско проширување на општинскиот буџет за 10% до Нова година со барање проследено до Министерството за финансии, што изнесува триесет и четири милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари.

Секретарот додава дека стручните служби во општината во претходните денови имале сознанија за состојбата, но се чекало известување од Министерството за финансии, кое стигнало на 10 Октомври, и оваа седница била закажана за денес со цел ребалансот да се направи што побрзо.

“Ребалансот се врши поради проблеми со извршување на средства, по основ на изврши судиски решенија како и поради зголемениот прилив на средства во општинскиот буџет, кој е последицица на измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за зголемување на нивната финансиска стабилност и сигурност. Новите средства во висина од 10% кои ни се дадени на располгање, пред се’ се користат за плаќање на доверителите кои извршуваат тековни градежни активности во општина Охрид”, изјави за Китески.

Тој уште еднаш напомена дека очекувањата на локалното раководство се во 2024 година конечно после долги години сметката на општина Охрид да биде одблокирана.

фото: архива