Вчера во 20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга.