На 07.09.2023 година во 05.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во трафика со земјоделски препарати, на улица „7 Ноември“ во Охрид, настанал пожар кој се проширил и на соседниот угостителски објект. Повредени лица нема, а по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Охрид, увид извршија јавен обвинител, вешто лице и полициски екипи.
Извор: СВР Охрид