АктуелноОхрид

(ФОТО) Се расчитува просторот по пожарот кој пеплоса угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, во сервисната уличка што води од плоштадот кај Чинарот кон Градскиот пазар. Во моментов се санира штетата.

Инаку пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово во Територијалната противпожарна единица, од каде веднаш на терен биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари, кои со брза интервенција го изгаснале пламенот.

Во пожарот нема повредени, освен настанатата материјална штета на објектот.

Според првичните непотврдени информации, причина за избувнувањето на пожарот е човечка небрежност.

фото: Охрид 1