АктуелноОхрид

Научна и уметничка визита 2023: Денеска промоција на изданието на Прилози посветено на академик Алајдин Абази

Во рамките на Научната и уметничка визита 2023, која се одржува во Куќата на Уранија во Охрид, денеска, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи промоција на изданието на Прилози, Одделение за технички науки, XXXIX 1-2, посветено на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање.

Научната и уметничка визита 2023 започна на 28-ми јули 2023 година, со изложбата на дела од колекцијата на ликовниот уметник Славко Упевче, инспирирани од Св. Наум, по што на 10-ти, 11-ти и 12-ти август 2023 година се одржа лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

– На 25. и 26. август 2023 година ќе се одржи синолошка конференција за кинескиот јазик, литература и култура на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. На 27. август 2023 година, со почеток во 12:00 часот е закажана поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“, член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во текот на август ќе се одржи и промоција на изданието посветено на научноистражувачката работа на Акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање на одделението за технички науки на МАНУ, а од 29. август до 2. септември 2023 година ќе се одржи „Охридска школа на природното право“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, информираат од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид.