АктуелноОхрид

ПК „Акваспирит“ утре ќе одржи пливачки митинг, ќе биде дел од Ohrid Water Festival

Како дел од Ohrid Water Festival, Пливачкиот клуб „Акваспирит“ утре ќе го организира „ОВФ пливачки митинг“ (Ohrid Water Festival Swimming Meet), под покровителство на Општина Охрид.

– Пријавени се над 150 пливачи, и она на што сме особено горди е фактот што имаме пливачи од три клубови од Република Србија, по еден клуб од Косово, Албанија и Велика Британија. Вкупно имаме пријави од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории. Исто така на митингот ќе има и ревијална трка со даски за дечиња и ревијална трка за возрасни (рекреативци) на 50 метри слободен стил. Натпреварувањето е поделено во два дела и тоа утрински 08:00 до 12:00 и попладневен од 16:00 до 19:00 часот, информираат од „Акваспирит“.

Додаваат дека натпреварувањето е организирано согласно правилата на Националната пливачка федерација (НПФ), LEN и World Aquatics. Ќе се оддржи на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во склоп на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

извор: ИнПрес фото