понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

38-годишник пронајден мртов во Струшко

Триесет и осум годишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6 часот и 25 минути.

Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј.(38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

фото: Архива