Охрид

(ВИДЕО) Жителите и туристите вознемирени – околу Горна Порта сами шетаат големи кучиња кои личат на волци

Жителите од Стариот дел од Охрид вознемирени поради поголемо присуство на кучиња кои сами се шетаат околу Горна Порта. Имено читател на Охрид 1 до редакцијата на Охрид 1 испрати видеа со апел во кој пишува:

„Сакам да апелирам дека вчера, околу 00:00, на полноќ, забележани се „волци“ во стариот дел на Охрид.
Точната локација е на паркингот кај Горна Порта. Предходно, еден од „волците“ се движеше на улицата којашто води до Горна Порта, потоа „волкот“ се упати накај паркингот и непосредно после тоа му се “придружи” уште еден „волк“, којшто излезе од густата вегетација. Во прилог Ви испраќам неколку видео записи“, стои во дописот кој до редакцијата на Охрид 1 го испрати наш читател.

„Овие очигледно се мешавина на две раси на кучиња. Но, верувајте не се чувствуваме пријатно кога  ги гледаме. Ако имаат сопственик апелираме веднаш да си ги прибери и врзи. Не е во ред вака слободно да шетаат“, вели жител на од Стариот дел на Охрид.

Инаку овој потег е многу раздвижен овој период. Паркирани автомобили од двете страни и многу пешаци кои одат во разглед на стариот дел на Охрид. Жителите, но и туристите реагираат дека се плашат од големите кучиња кои без ремче се пуштени сами.

видео: Читател на Охрид 1