АктуелноОхрид

Засилени сообраќајни контроли – СВР затекна 22 возачи кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни и на места

На 13.08.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни и на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-10, Струга-05, Кичево-03, Дебар-04).

извор: СВР Охрид