На 12/13.08.2023 година од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се зајакнати контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 14 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-01, Кичево-05, Дебар-01). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Извор: СВР Охрид