сабота, ноември 23, 2024
Охрид

Туристите ги изедоа јајцата, колбасите, супите и инстант кафето во Охрид

Граѓаните се жалат на недостиг на јајца, виршли, колбаси, супи и  инстант „кафе три во еден“, во охридските супер маркети.

Јајцата ги нема во фрижидерите низ поголемите супер маркети уште од 1 август, а според најавите од трговците, се очекува денес да се изврши дистрибуција на нови количини.

Охрид од петокот е преполн со туристи. Покрај стандардно присутните странски туристи кои ги исполнуваат хотелите, градот заради понудата на концерти и фестивали се наполна и со помлади луѓе кои пак најчесто се сместуваат во поевтиното приватно сместување надвор од нај строгиот центар на градот и стариод дел.

„ Најмногу јајца, виршли, колбаси се дистрибуираат кон хотелите, бидејќи тие се полни со странци уште од март. Сите гости користат доручек, па овие намирници се нај барани во хотелите кои трошат големи количини и тоа континуирано уште од пролетта. Бранот кој додјде во градот ги испразни супер маркетите, но од денес се очекува дистрибутерите да достават количини од оваа роба. Истото е секоај година за „2 Август“, тогаш е шпицот на сезоната и сите се трудиме да обслужиме максимално колку што е можно повеќе, за да заработиме повеќе. Последните години проблем е и работната сила, бидејќи немаме работници, па тоа можеби дополнително ги искомплицира работите“ – велат од една трговска компанија.

Оваа категорија туристи се храни „поевтино“ и купува во супер маркетитие, , па така се потрошиле сите јајца, а повеќе нема ни инстант кафе , инстант супа, речиси секаде нема виршли и колбаси , а смален е и изборот на салама.

Трговците секако „тријат раце“ од празничните денови и шпицот на сезоната.

Охрид1