четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

И денеска граѓани се жалат дека не работат пост терминалите во угостителските објакти

И денеска граѓани до редакцијата на Охрид 1 се пожалија дека не работат пост терминалите во угостителските објакти.

Тие велат дека утрово за да пијат кафе им било побарано да платат кеш.

За потсетување вчера неколку часа не можеа да подигнат средства од банкоматите, ниту пак да остварат плаќање преку ПОС-терминалите.

Од Македонската банкарска асоцијација (МБА) истакнуваа дека членките на МБА се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, а посочуваат дека од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

„Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите“, се вели во соопштението од МБА.

извор:Охрид 1