сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

СВР санкционира 39 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената

На 26.07.2023 година во периодот од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-12, Струга-10, Кичево-10, Дебар-07). Целта на контролите е доследно придржување до одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можности за сообраќајни незгоди.

извор: СВР Охрид