Охрид

Програма за осветувањето на Сечесниот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше

Со особена радост и чест ве известуваме дека,

во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои Игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза.

Во недела, на 30 септември 2023 година, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија.

Поканети се сите коишто сакаат да земат молитвено учество и да станат сведоци на овој свештенолепен и историски настан.

 

Бигорски Манастир