АктуелноОхрид

Пецаков: Резултатите од испитувањето и извештајот на ИЈЗ – дијаметрално спротивни, кога се пишуваат извештаи за Охрид добро е да се побараат информации и од ЈКП од Охрид и институциите

Битно извештајот го напишаа и објавија вчера од институтот, дека хотелите долж Охридското езеро се загадувачи на езерото и дополнително, населби во стариот дел на градот (Канео, Сараиште) кои исто така се приклучени на канализациона мрежа биле загадувачи…
Суштински, резултатите од испитувањето на водата во Охридското езеро со извештајот на институтот се дијаметрално спротивни( во најголем дел водата е со квалитет од прва категорија во Охридското езеро)
Затоа, кога се пишуваат извештаи за Охрид и охридското езеро, добро е да се побараат информации и од ЈКП од Охрид и институциите релевантни од Охрид и убеден сум дека нема да се случува тотално фијаско во само 24 часа на извештајот, којшто сами си го пишувале од Институтот за јавно здравје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков