Почнувајќи од денес и во наредните три дена Охрид ќе биде претставен на Саемот за бизнис инвестиции Real Expo 2023 кој се одржува во Сараево, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Штандот на Општина Охрид беше посетен од потенцијални инвеститори помеѓу кои беше Шеикот од Обединетите арапски емирати Мохамед бин Сакр Ал Касими. Исто така остварив средба и со премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук.
Покрај за посетителите на штандот извршив презентација на можностите за инвестирање во Охрид пред останатите присутни и воедно остварив продуктивни лични средби.
Уверен сум дека овие средби ќе вродат со конкретни инвестиции во Охрид.
извор: ФБ Кирил Пецаков