Охрид

(ФОТО) Пензионерите фолклористи го прославија празникот Петровден, во манастирот Св.Петар и Павле во с.Брежани

Членовите на КУД „Далги“ при Зп Охрид и Дебарца по покана од црковниот одбор на манатирот Свети Петар и Павле од с.Брежани кој се наоѓа на 1128мнв земајќи учество со своја фолклорна програма го прославија големиот верски празник Петровден заедно со бројни православни верници кои беа дојдени во посета на манастирот .

КУД „Далги“ се претстави со сплетот „На сред село“ со колаж изворни песни и ора од поблиската околина на Охрид  и коселскиот регион.

Пензнионерската пејачка група „Славна Дебарца“ исполни неколку традиционални песни од општина Дебарца. Сите учесници беа облечени во оригинални народни носии од селата во општините Охрид и Дебарца а музичкаѕа пидружба беше со гајда и тапан.

За своето учество во прославата и прикажаната програма и вложениот труд беа топло поздравени од сите присутни.

Главен носител на забавниот дел од прославата беше знгажираниот естраден уметник Јордан Митев кој неуморно испеа голем број македонски народни песни и е прав виртуоз на поголем број традиционални инструменти, на задоволство на многу големиот број присутни на прославата.

Комисија за информирање  при ЗП