АктуелноОхрид

Пецаков за „Студио 10“: Средувањето на плажите наиде на позитивна критика кај граѓаните

Средувањето на плажите наиде на позитивна критика кај граѓаните, изјави за „Студио 10“ на Телевизија 24 градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Потенцира дека престојат многу манифестации и Охрид ќе остане главна туристичка атракција и ова лето, а плажите дефинитивно ќе ја збогатат понудата.

– Имав многу тешкотии во овие година и пол, заради би рекол не несоработка, туку немање желба да се излезе во пресрет на Општина Охрид од страна на државните институции. Пресреќен сум после година и пол успеав да ја завршам оваа работа. Туристите и граѓаните на Охрид ќе имаат дополнителна понуда. Не се отворени сите 13 плажи што беа дадени на наддавање, се подготвуваат, тековно ги отвораат, рече Пецаков, додавајќи дека по отпочнување со работа на сите комуналните редари ќе проверат дали урбаната опрема на крајбрежјео е поставена врз основа на правилата, односно квадратурата што е дадена од Општина Охрид.

Во 2021-ва се уриваа дивоградби и платформи на барање на УНЕСКО. Дел од најпопуларните плажи на охридското крајбрежје не работеа полни две години, а како причина за неиздавање беше наведен недонесениот план како треба да изгледа крајбрежјето.

извор: Телевизија 24