По повеќе апстиненција од политичкиуот и јавниот живот, јавноста имаше прилика да го види и поранешниот градоначаник на Охрид Александар Петрески кој од неодамна е назначен за претседател на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта
Петрески заедно со министерот Благој Бочварски се појави на делницата од Подмоље до Охрид која е во градба, но на која повторно се овозможи одвивање на сообраќајот.
Петрески од политичкиот живот се повлече по поразот на изборите 2013 година.
И додека Петрески по 10 години пауза жив и здрав се врати на функција и го виде јавноста , претседателката на СДСМ Кристина Крлеска Деспотоска можеби е жива. Лидерката на СДСМ Охрид никаде ја нема.
Јавноста последен пат ја виде првата Сдсмовка на Охрид на Водици кога се слика со партискиот секретар Миле Зечевиќ додека се забавуваа во еден охридски ресторан, а на прес конференција последно се има појавено во 2022 година.