АктуелноОхрид

Сертификати за охридските гимназијалци за учество на конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт

Шест гимназијалци од ОСУ Св. Климент Охридски под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски добија сертификати за учество на Конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе и се застапени во печатената публикација „Средношколски размислувања 7“ како дел од најталентираните средношколци од средните училишта во Македонија.
Есеите на нашите талентирани гимназијалци зрачат со оригиналност, креативност и визионерство на следниве теми:
Ана Голабоска (III-1) – Чекорењето кон животот
Наталија Секулоска (III-1) – Во огледалото: сликата за нас самите
Кјара Лазаревска (III-1) – Што научивме од грешките
Калина Јованоска (III-2) – Јазикот наш денешен
Наталија Савеска (III-2) – Во огледалото: сликата за нас самите и Што научивме од грешките
Тамара Трајческа (IV-1) – Жени лидери – жените во образованието, науката и бизнисот.
Нека збирката есеи биде извор на инспирација за сите!