петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Четворица членови на судскиот совет во инспекција во струшкиот суд за Мерко

Четворица членови на судскиот совет денес некаде после 12 часот пристигнаа во Основниот суд во Струга.Тие ќе извршат контрола на работењето на струшкиот Основен суд, но ќе разговараат и со сите судии кои што имале предмети поврзани со актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, објави Алсат.

Екипата на Алсат го „улови“ нивното доаѓање во судот. Посетата се чуваше во тајност, а утринава од судот во Струга за Алсат изјавија дека од медиумите рабзрале дека ќе дојде екипа од Судскиот совет. Пред влегување во судот, координаторот рече дека ќе извршат детална проверка.

„Ќе ја проверуваме ситуацијата во Основен суд во Струга, по однос на овие информации кои веќе беа по медиумите. Јавноста ќе биде известена по завршувањето на контролата. Извештајот ќе биде изготвен и објавен по усвојување од страна на Судски совет“, рече Миљазим Мустафа-координатор на работна група на Судски совет.

Од одмор денес се врати и претседателот на Судот во Струга, Ифет Бајрамоски, но денес не сакаше да дава никаква изјава.Инаку по третиот избор на Мерко за градоначаланик, Судот во Струга го зголеми износот кој општината можеше да го троши иако беше со блокирана сметка и од 16 милиони денари, времената рамка на општината ја зголеми на 58 милиони денари односно на околу 1 милиони евра. Претходно истиот тој суд го одби ваквото барање што беше поднесено од претходниот градоначалник на Струга, Зијадин Села. Според познавачите парите од таканаречената времена рамка треба да се искористат за плати, сметки за вода, струја и гориво за службените возила, што за општина Струга не изнесува повеќе од 12 милиони денари, а не за луксузирања. Инаку претставката што беше поднесена од Антикорупциската комисија против судијата Бајрамовски е застарена. Според Судскиот совет ургенцијата била испратена 3 години по извршувањето на прекршокот, и немало правна основа за постапување.

Текстот во целост на: Алсат.