АктуелноОхрид

Пецаков: Комисијата за проценка на штети веќе е на терен – најпогодени се домовите во населбата Видобишта

Веднаш после завршувањето на состанокот на кризниот штаб при Општина Охрид, комисијата за проценка на штети излезе на терен. Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќи се оштетени крововите и е дојдено до поплавување. Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго.
Постојано сме на терен и работиме на санација на оштетувањата кои се во голем обем. Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112.

Извор: ФБ Кирил Пецаков