АктуелноОхрид

Пецаков: Како временска машина беше синоќешниот концерт во спомен на Климе Садило

Како временска машина беше синоќешниот концерт во спомен на Климе Садило.
Секако нема охриѓанец, а верувам и Македонец кој не слушнал и не посакал да ги чуе убавите звуци отсвирени на садиловото ќемане. Дека станува збор за невиден музички талент и гениј кој ја исцрта чалгиската традиција во Охрид говори и фактот што тој на најспецифичен начин, држејќи го гудалото во левата рака успевал на единствен препознатлив стил да ги отсвири нотите на најубавите охридски песни, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Музиката е најголемата универзална вредност, не познава простор и време. Се што е убаво е безвременско, а такви се песните од тајфата на Садило. Тие не враќаат во едни убави времиња на серенади кога се пеело под пенџерите на своите сакани дами, кога се негувале вистинските вредности. И синоќа се вративме во тоа убаво време .
Упатувам срдечни поздрави до Ѓоко Алоски кој е организатор на овој прекрасен музички настан и до Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди” – Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков