АктуелноОхрид

Олег Маленко избран за нов претседател на Ротари клубот „Охрид“

Ротари клубот „Охрид“, синоќа во хотел „Два Бисера“, пред традиционалната летна пауза, го одржа последниот редовен состанок за оваа ротаријанска година, објави ОхридПрес.

– На состанокот освен што стана збор за активностите и настаните кои беа превземени и на кои се работеше во ротаријанска година која изминува, се изврши и примопредавање на претседателската функција, со што
сегашниот претседател на клубот Драги Здравески, во присуство на членовите на клубот, свечено му го предаде Ротаријанскиот ланец, заедно со инсигниите на идниот претседател Олег Маленко кој ќе го превземе мандатот и претседателството на клубот за идната ротаријанска година. Здравески се заблагодари за довербата и изрази чест и задоволство за досегашното раководење со клубот, среќен што раководството го презема Маленко, кој најави силна волја за понатамошно успешно работење на клубот и оставање на неизбришливи траги од успешното егзистирање на клубот во нашата заедница и пошироко, информираат од клубот.

Ротари клубот од Охрид важи за еден од првите во Република Македонија и претставува важна алка на Ротаријанството како во Македонија, така и пошироко, клуб кој со својата долгогодишна дејност се истакнал со проекти од голема важност за заедницата, Охрид, околината и државата. Зад нив се бројни соработки со клубови во и надвор од нашата земја, на локални и меѓународни проекти кои се од директен бенефит особено за локалната заедница.

извор: ОхридПрес фото: архива