АктуелноОхрид

Пецаков се сретна со Амбасадорката на Црна Гора, меѓу другото разговараа и за заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро

Денеска остварив средба со Н.Е. Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора. Во срдечна атмосфера разговаравме на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.
Се осврнавме и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот дава:

Разговаравме и за можностите за соработка во делот на подготвување на проекти, како и за економска соработка со организирање на регионални економски форуми помеѓу малите бизниси од Македонија и Црна гора.
Заеднички се сложивме дека Организацијата на градови со светско културно наследство (OWHC) треба да продолжи со своите активности и да се организира средба во Охрид помеѓу градоначалниците од градовите кои се дел од оваа организација.

извор: ФБ Кирил Пецаков