АктуелноОхрид

Предупредувачки протест на Судската администрација

Вработените во стручната служба на Судскиот совет почнуваат протести за време на пауза. Велат ќе протестираат сè додека не им се вратат додатоците на плата што ги земале пред судиите да си ги покачат платите за 78 проценти.

Административните работници во Судскиот совет велат дека се помалку платени од своите колеги во судовите, коишто два пати добиле зголемување на платите и сега имаат 35 проценти поголеми плати. Вработените во стручната служба на Судскиот совет со највисоки квалификации земаат просечна плата, а оние со помали звања помалку. Очекуваат нивните барања да бидат прифатени во најкус можен рок, а во спротивно ќе продолжат со активности согласно со законот.

Судскиот буџетски совет првично ветил поддршка за барањето за зголемување на платите на судската служба, односно додатоци на плати не помали од 25 %, но подоцна се иззеле со образложение дека нема пари.

Судската администарција бара да има и свои претставници во Судскиот буџетски совет. Велат нема да се откажат од барањето за достојна плата, за понатамошните чекори ќе информираат утре после средбата со УПОЗ (Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани).

фото: Архива