АктуелноОхрид

Божиновски: Со мнозинство гласови го изгласавме ребалансот на буџетот за 2023 година кој е зголемен за 44 милиони денари

На 28. седница на Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови го изгласавме ребалансот на буџетот за 2023 година кој е зголемен за 44 милиони денари.
Со зголемен акцент на уредување градежно земјиште капитални трошоци, поттикнување на развојот на туризмот, капитални расходи за урбана опрема, културни манифестации и творештво, спорт и рекреација, капитални расходи средно образование, унапредување на здравствената заштита, противпожарна заштита се гледа дека се работи во интерес на граѓаните и подобрување на живеењето и потребите кои ги имаат охриѓани, напиша на својот ФБ профил кооринаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

извор: ФБ Перчо Божиновски